Атаф Џерадат (50) е една од палестинските затворенички која беше ослободена како дел од договорот за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас.
Како дел од договорот за размена на затвореници меѓу Хамас и Израел, доцна синоќа од израелските затвори беа ослободени 33 палестински затвореници, меѓу кои 30 жени и три деца.
Џерадат рече дека Палестинките во израелските затвори доживеале тортура, тепани и понижувани.
Таа за Анадолија изјави дека палестинските затвореници биле жестоко тепани и понижувани по 7 октомври, кога почнале израелските напади врз Појасот Газа, и дека израелските власти се обиделе да ги деморализираат, но не успеале.
„По 7 октомври затвореничките беа во изолација. Ме тепаа и додека немаше траги по телото. Не навредуваа и не оставија без кревет и ќебиња“, изјави Џерадат.
Палестинката изјавила дека условите во израелските затвори се многу лоши и дека речиси се било извадено од собите на затворениците. Нејзините два сина се уште се во израелските затвори.
„Како да сонувам. По две години тежок затвор денеска сум на слобода“, изјави Џерадат.
Таа рече дека ја знае цената на слободата, која ги чини Палестинците во Појасот Газа животи и уништени куќи.
„Ја држам главата високо за нив и ако даде Господ, наскоро ќе дојде денот кога сите затвореници ќе бидат ослободени“, рече Џерадат.
Во петокот на 24 ноември стапи на сила четиридневното хуманитарно примирје меѓу Хамас и Израел.
Министерството за надворешни работи на Катар синоќа соопшти дека хуманитарната пауза е продолжена за уште два дена.
Според договорот, 150 Палестинци во израелските затвори ќе бидат ослободени во замена за 50 израелски затвореници кои ги држи Хамас. Израел започна брутални напади врз Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Оттогаш, според здравствените власти во енклавата, повеќе од 15.000 Палестинци се убиени, меѓу кои 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени. Официјалниот број на загинати во Израел е 1.200.