277
Палестинец утрово уби една постара жена и рани уште тројца во напад со нож во градот Холон во централниот дел на Израел, по што беше застрелан од полицијата, соопштија израелските власти.
Едно повредено лице е во критична состојба.
Во соопштението се наведува дека на местото на настанот се присутни голем број полициски сили и дека се врши опсежна потрага со хеликоптер, пренесе Ројтерс.
„Тајмс оф Израел“ наведува дека областа се бара за можен соучесник на напаѓачот.
Нападот се случил во градот Холон, недалеку од главниот град на Израел, Тел Авив.