Турската полиција покрена голема истрага откако едно лице загина, а две се повредени во престрелка во Истанбул.
Убиениот потекнува од Палестина.
Според првата пријава на локалната полиција, луѓе седеле во автомобил кога непознат напаѓач им пришол. Непознато лице застрелало три лица со пиштол, кој имал и пригушувач, а човекот на совозачкото седиште е убиен.
Едно лице е тешко повредено, додека друго лице е полесно повредено од истрел во стапалото.
Поради тоа што убиството е извршено „професионално“, а земајќи ја предвид националноста на убиениот, полицијата не ја исклучува можноста напаѓачот да е од Израел.
Но, се разгледува и можноста да се работи за конфликт за долгови на бизнисот.
Вреди да се напомене и дека убиецот на местото на настанот оставил пиштол и придушувач, имал маска и дека по убиството се оддалечил во непознат правец.