Жителка на Пехчево се здобила со повреда на раката, откако во текот на вчерашниот ден таа палела сува трева и смет, а пожарот ја зафатил нејзината викендица.
„На 10.03.2019 околу 14.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на место викано „Амушкови чешми“, атар на Пехчево, настанал пожар пред викендицата во која престојувала К.М. од Пехчево.Според пријавеното, таа запалила сува трева и смет, а поради временските услови пожарот се проширил и ја зафатил викендицата, а зафатил и поголема површина со борова шума. Притоа, К.М. се здобила со повреда на левата рака и и била укажана лекарска помош. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Берово, екипа од Шумско стопанство „Равна река“, екипа од Дирекцијата за заштита и спасување и други лица кои се затекнале на местото. Извршен бил увид на местото, велат од МВР.