Пале била удирана со бокс, со клоци, давена, а под ноктите на убиениот била најдена нејзина ДНК

by fokus

Тоа што е сторено во нужна одбрана не е кривично дело, утврди велешкиот кривичен суд и ја ослободи од обвинението велешанката Пале Иловска за убиството на нејзиниот партнер.

Во образложението на пресудата судијката, Габриела Гајдова, објасни зошто донела ваква пресуда, според кои членови од кривичниот законик и се повика на психијатриското вештачење, на извештајот на Институтот за судска медицина, на искази на вештите лица.

Судот утврдил дека сега покојниот полицаец ја нападнал обвинетета ја удирал со бокс и клоци, ја давел по што таа го убила само за да се одбрани. Откако сфатила дека му нанела смртоносна повреда таа веднаш му пружила прва помош.

-Сега покојниот противправно ја нападнал обвинетата на начин што ја фатил за пижамата и ја влечел, па ја искинал, ја удрил со бокс во главата, со клоца во ногата и почнал со рацете силно да ја стега околу вратот, неспорно се утврди од запсиникот за увид на лице место.

При самиот увид што бил извршен после настанот кај обвинетата биле констатирани телесни повреди на главата, ногата и вратот, на овој доказ се надоврзува и телесниот преглед што бил извршен над обвинетата и извештајот од ДНК анализите на институтот за судска медицина и од исказот на вештото лице Др Горан Павловски од којшто неспорно произлегува дека повредата на главата на обвинетата е нанесена со бокс, дека повредата на ногата е нанесена со клоца. Имала крвен подлив на вратот од што произлегува дека била давена, образложуваше судијката.

Под ноктите на покојниот била најдена ДНК на обвинетата што, според судот докажува дека обвинетиот бил напаѓач.

Овој случај ги потресе граѓаните откако се обзнани дека таа била малтретирана од својот поранешен невенчан сопруг, и на кој во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.

На 29 септември лани во куќата каде Иловска невенчано живеела со полицаецот Александар Ристовски, тој започнал кавга нарекувајки ја со погрдни зборови.

Влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото. силно ја фатил со раце за вратот и ја давел.

Девојката го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го прободела директно во срцето. Убодот бил смртоносен за насилникот.

Поврзани новости