Палчо влезе во ,,Шутка”

by fokus

Пред десетина минути, под силно полициско обезбедување, Љупчо Палевски Палчо беше донесен во истражниот затвор ,,Скопје”.

Дека веќе е во затворот за ,,Фокус” потврди директорот Филип Андонов.

Тој ќе биде сместен во посебна ќелија и ќе се движи по посебен ходник.

Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена, а мерките за безбедност се на највисоко ниво.

Палевски, кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, вечерва со авион беше донесен од Турција.

В.В.

Поврзани новости