68
Осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо, кој беше уапсен во Баликесир Турција во обид да избега, од притворот е превезен со авион од Турција.
Палевски по 6 месеци екстрадиционата постапака на релација Македонија-Турција доби зелено осветло да биде превезен. Тој слета со редовен лет на аеродромот во Скопје.
Неговата следна дестинција е директно во истражниот затвор Шутка за издржување на мерката притвор.
Првоосомничениот за киднапирање и убиство на Ѓорчевска и Жежовски ќе биде сместен во посебна ќелија и ќе се движи по посебен ходник.
Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена, а мерките за безбедност се на највисоко ниво.