Љупчо Палевски- Палчо денеска од истражниот затвор ,,Скопје” бил спроведен на распит во скопското обвинителство, неофицијално дознава ,,Фокус”.
Тој пред обвинителот, задолжен за случајот, ќе треба да ја каже својата приказна за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Може да се брани и со молчење, но ако се земат во предвид неговите писма од затворот во Турција, тогаш се очекува да ги негира кривичните дела кои му се ставаат на товар. Сепак на крајот се ќе зависи од стратегијата за одбрана што ќе ја договори со својот адвокат, кој му беше одреден по службена должност.
Палевски од Турција беше екстрадиран на 15 мај, а во меѓувреме се вештачи неговиот мобилен телефон, како и останатите докази кои ги имал со себе во Турција.
Покрај Палевски, за случајот веќе обвинети се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се товарат за по две кривични дела – убиство и грабнување. Меѓу обвинетите е и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.
Валентина Вурмо