159
Осомничениот за организирање, грабнување и извршување на убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот, Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, симулирал дека негова крајна дестинација во Турција, каде денеска беше уапсен е градот Истанбул.
Оперативниот извор којшто го имала нашата полиција во Турција имал информација дека Палевски ќе оди за Истанбул, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Палевски зел такси и од Баликесир заминал за Истанбул, но за кратко време се вратил во Баликесир каде потоа беше уапсен.
-На тој начин мислел дека нема да биде откриен, рече Спасовски.