Палчо имал финансиски проблеми, откри адвокатот Стојков кој го возел Палевски до Белград

by fokus

На денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше и адвокатот Васко Стојков, кој обвинетиот Љупчо Палевски Палчо го однел во Србија.
Истакна дека на 30 ноември 2023 година отишол во Белград со Палевски. Претходно го опиша денот. Инаку, девојчето беше убиено на 27 ноември, а Жежовски три дена претходно.

-Утрото ми се јави Влатко Кешишев и Палевски и ме прашаа дали знам некој нотар да работи во неработен ден. Му реков дека не знам. Му реков да пиеме кафе и отидов во партијата. Кешишев ми рече не е Палчо тука, ќе одиме кај него во стан. Таму беше Палевски со уште едно лице кое не го познавам. Го прашав зошто му треба нотар, рече дека за полномошно за возило, зошто сакал да оди во Србија и Турција на лекување. Имал слободни денови и да се лекува. Му реков дека јас ќе го однесам во Белград, рече адвокатот Стојков.

Таму Палевски го замолил, тој со неговата лична карта да подигне 1.500 евра, а и самиот извадил на свое име 1.500 евра, од пари кои му ги испратил некој пријател. Во меѓувреме биле во кафеана, се виделе со некој пријател, по што се сместил во хотел.

На 1 декември Палевски веќе го известил дека ќе мора да замине во Турција. Додека биле во Белград, пак рече дека Палевски пред него не комуницирал со доктори.

Тој посочи дрка централниот комитет на партијата бил закажан за три дена, па му било чудно зошто Палевски оди баш тогаш, но тој му рекол дека ако може ќе се врати, а ако не ќе го оддржат без него.

Тој откри дека Палевски имал финансиски проблеми, и дека тој за три години му позајмил 20.000 евра.

-Му позајмував пари, имаше извршител за возило, за стан. Потоа најде купувач за станот, го продаде и го затвори кредитот, рече адвокатот Стојков.

Судењето е во тек.

Валентина Вурмо

Поврзани новости