427
Сопруг убил пакистанска новинарка откако таа одбила да го исполни неговото барање да ја напушти работата.
Меѓународната федерација на новинари го повика Пакистан да спроведе истрага за убиството на Уруја Икбал, која била репортерка во еден локален весник.
Нејзиното семејство истакна дека ја предупредило полицијата оти сопругот ја малтретира, но ништо не било преземено.
Полицијата соопшти сопругот е уапсен и против него е покренато обвинение за убиство.
Пакистанките честопати се соочуваат со вознемирување на работното место, но многу престапници избегнуваат казна затоа што жртвите не пријавуваат такви инциденти.