441
Приведен Пакистанец на скопскиот аеродром, поради фалсификувани документи.
„На 25.11.2023 во 20.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“ Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ бил приведен М.Ш.(33) од Пакистан, кој поседувал пакистанска патна исправа и кипарска дозвола за престој. При извршен преглед на лицето и багажот била пронајдена кипарска возачка дозвола со измината важност“ соопшти МВР.
Со него бил извршен службен разговор во кој изјавил дека кипарската возачка дозвола ја купил од едно лице во Кипар за сума од 2000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.