414
Отсечен прст е испратен по пошта во резиденцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, објави весникот Valeurs actuelles, повикувајќи се на извор од безбедносните сили.
Вознемирувачкиот пакет бил примен во Елисејската палата помеѓу 9 и 10 јули, рекол изворот, додавајќи дека човечкиот прст го пронашла полицијата.
Пакетот пристигнал во пресрет на Денот на Бастилја, францускиот национален празник кој се слави на 14 јули.
Според пријавата, лицето кое го испратило прстот по пошта е идентификувано.
Кабинетот на Макрон одбил да коментира за ова прашање.