486
Повторно запален автомобил на вработен во затворот во „Идризово“, петти по ред за половина година. Синоќа бил запален автомобил на чувар во затворот пред неговиот дом во Ново Село.
-На 25 април во 01.56 часот во СВР Скопје, Љ.К. – вработен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека во неговиот двор во село Ново Село, скопско, било опожарено неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Љ.К. сам го изгаснал пожарот, а повредени нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти од МВР.
Еден автомобил изгоре во кругот на затворот, а останатите се запалени пред домовите каде што живеат вработените.