451
Нова серија на споменици во раните утрински часови беа набрзина поставени во центарот на Скопје. Спомениците кои прикажуваат светци ќе ја красат административната зграда која се гради до Македонската опера и балет, јави 24 Вести.
Поставувањето на споменици доцна во ноќта не се случува првпат. Таков беше и случајот со спомениците кои доцна во ноќта беа поставени во Центар по локалните избори во 2013 година, кога меѓудругите поставени беа спомениците на Христо Узунов, Павел Шатев, Христо Татарчев, а неодамна таков беше и случајот со споменикот на албанскиот деец Пјетер Богдани.