Пак се приведуваа демонстранти во Белорусија, полицијата пукала во воздух

by fokus

Белоруската полиција пукаше во воздух како предупредување на протестот во Брест, изјави денеска портпаролката на Министерствто за внатрешни работи, Олга Чемоданова.

Таа додаде најверојатно е пукано во воздух како предупредување. Врз демонстрантите во Брест полицијата употреби и солзавец.

Потврдуваме дека полицијата употреби солзавец за да ги спречи незаконските акции на демонстрантите. Неколку активисти се приведени поради кршење на Законот за масовни собири, посочи Чемоданова.

Додека во Минск приведени се повеќе од 10 учесници на антивладините протести.

По спорните претседателски избори одржани на 9 август, граѓаните протестираат секој ден, тврдејќи дека изборните резултати се фалсификувани и бараат оставка од Лукашенко.

Поврзани новости