Цената на нафтата од утрово бележи благ пад. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар од утринава изнесува 115 долари, а на американскиот 109 долари, што е намалување за околу 3 отсто во однос на вчерашниот ден.
Пред речиси две недели, цената на нафтата добро падна, на под 100 долари за барел. Но, минатата недела беше забележан постепен пораст на цените на „црното злато“.
Информациите за серијата самити меѓу владите на Европската унија и американскиот претседател Џо Бајден со цел да се зајакне одговорот на Западот кон Москва во врска со нападот врз Украина придонесе за овој нов тренд на раст на цените, при што ЕУ, меѓу другото, размислува и за , забрана за увоз на нафта од Русија.
Биткоинот утринава е во благ дефицит и изнесува 0,28 отсто со вредност од 42.156 долари. Во црвено се и другите криптовалути, освен Солана, која бележи раст од 1 процент.
Од утрово во минус од 0,9 отсто е и пченицата, а пченката е намалена за 0,43 отсто.
Цената на пченицата утрово е 1.118 долари за тон, а пченката 753 долари за тон.