961
Паднато дрво предизвикало спој во трафостаница на ЕВН во скопската населба Железара.
За настанот информираше и градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски, кој посочи дека на местото на настанот се упатија и противпожарната единица и полицијата.
„За среќа, нема повредени, а во моментов надвор од употреба е трафостаница на чија санација веќе работат екипи на ЕВН“, напиша Георгиевски на фејсбук.