Паднати дрвја, оштетени автомобили, откорнати кровови, се дел од штетите предизвикани од пладневното невреме со силен ветер што зафати делови од Скопје.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на бројот 112 биле добиени пријави за 16 паднати дрвја, три оштетени возила, седум кабли откачени од бандери, три откачени и оштетени кровови.
Паднати дрвја имало на булеварите „Климент Охридски“ и „Трета македонска бригада“, како и на улиците „Јуриј Гагарин“, „Дванаесетта македонска бригада“, во близина на Воен базен на патот кон касарната и во населбата Сопиште.
Од населбата Карпош, како што информираат од ЦУК, биле стигнати пријави за откачен кров од приватна куќа на улицата „Јуриј Гагарин“, а во Козле имало пријава за откачен лим од приватна куќа.