Центарот за управување со кризи се уште добива пријави од Тетовско, Скопско и Кумановско за поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови,оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили по невремето што ги зафати овие три региони.
– Пријава за поплавена куќа од невремото ви Тетово, Граѓанинот информира дека се обидуват со пумпи да ја испупмуват водата но не се во можност бидејќи има премногу вода.
– известување за лимен кров кој преставува опасност да падне и да направи сериозен проблем на ул. 23 Октомври спроти зграда бр.15 (зелена фасада).
– пријава за поплавено куќа од невремето на ул.Народна револуција во Куманово.
– пријава за паднато дрво во клучката Радишани према Бутел и го прекинува собраќајот
– во 20:30 часот добиена е пријава за откачен олук на бул.АСНОМ бр.12, поради јак ветер кој што претставува опасност и загрозување на безбедноста, во кој што пријавителите во моментот на јавување го држеле на нивната балконска тераса, за да не падне и направи штета.
За истото РЦУК Скопје контактирал со пријавителите и истите испратиле и видео клип. Исто така РЦУК Скопје ја известил ЕЛС Аеродром.
– Пријава за поплавен подрум како последица на канализација од настанатото невреме на улица 84 во Скопје.
Невремето во Скопје и Куманово, што прво го погоди Тетовско предизвикано од интензивна нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град имаше правец на движење од западниот кон источниот дел од градот Скопје.
Околу Скопската котлина и околу Куманово имаше неколку развиени јадра на невремето, различни по интензитетот, силината, информираа од УХМР во ЦУК.