Девет лица загинаа, а две деца се тешко повредени и се во животна опасност по пад на кабина на жичарница која го поврзува италијанското езеро Маџоре со планината Мотароне во Северна Италија.
Портпаролот на алпската служба за спасување, Валтер Милан, изјавил дека се работи за многу сериозен инцидент бидејќи жичарницата Стреза-Монтароне паднала од многу голема височина и била речиси згмечена во шумата.
Италијанските медиуми пренесуваат дека жичарницата носела 11 лица за време на несреќата, а спасувачите повик за несреќата добиле околу пладне.
Двете преживеани деца со хелихоптер се пренесени во торинската болница. Причината за несреќата се уште не е јавно објавена.
Инаку, жичарницата Стреза-Мотароне пренесува туристи и локалци од градот Стреза до езерото Маџоре. Неодамна била повторно отворена со укинувањата на рестриктивните мерки во Италија.