Падна воздухоплов или некој прави првоаприлска шега?

by fokus

Полицијата излезе на терен во атарот на селото Бујковци во близина на скопскиот аеродром да ги провери шпекулациите коишто се шират дека попладнево паднал воздухоплов, којшто се движел многу ниско над нивите, ажители пријавувале дека паднал.

Дури има и шпекулации дека станувало збор за беспилотно летало дрон.

Од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ велат дека кај нив досега немало никаква пријава дека паднало беспилотно летало, но поради шпекулациите испратиле полициски екипи на терен за да проверат за што се работи. На терен не нашле засега ништо.

Од Контрола за летање за „Фокус“, веднаш штом се јавивме рекоа дека нема такво нешто.  -Нема такво нешто, нема, тоа може некој си прави првоаприлска шега, ни рекоа од таму.

Бујковци е во општина Илинден во близина на скопскиот аеродром и и над тамошните куќи авионите често ниско прелетуваат.

Фото: Илустрација

Поврзани новости