Падна воен хеликоптер во Хрватска, две лица загинаа, по третиот се трага

by Fokus

Унгарски воен хеликоптер кој леташе во рамките на заедничката воена обука на хрватските и унгарските воени единици се урна кај Дрниш, пронајдени се две тела, додека потрагата по третото тело се уште трае.

„Во среда, 21.06.2023 година, хеликоптерот Ми-171 Ш од Дивуље и авионот Пилатус на хрватските воздухопловни сили беа вклучени во потрагата по воен хеликоптер што се урна во реонот на селото Пакова во Шибеничко-книнската жупанија. Не е хеликоптер на вооружените сили на Република Хрватска. Министерството за одбрана навремено ќе ја информира јавноста за сите детали“, информираат од Министерството за одбрана на Република Хрватска (МО).

Јосип Брозичевиќ, раководител на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС), извести дека во хеликоптерот имало три лица, пронајдени се две тела, а потрагата по третото е во тек.

Унгарскиот хеликоптер бил во Хрватска во рамките на обуката, а истражните органи ќе ја информираат јавноста за причините за падот и подеталните околности на несреќата откако ќе се утврдат сите околности на несреќата.

Поврзани новости