Падна Владата на Курц

by fokus

Австрискиот парламент изгласа недоверба на Владата предводена од канцеларот Себастијан Курц. Причината за ова е политичкиот скандал кој ја урна неговата коалициска влада.

Иницијативата за гласање недоверба во Парламентот беше поддржана од Социјалдемократите и од екстремно-десничарската Партија за слобода која беше и дел од владината коалиција се до минатата недела кога ги повлече своите министри од функциите.

Претседателот Александар Ван Дер Белен ќе треба да назначи нов канцелар кој ќе формира влада што ќе биде на должност до следните избори кои треба да се одржат во септември.

Политичката криза беше предизвикана од видео кое се појави во јавноста на кое се гледа дека заменикот на Курц, Хајнд- Кристијан Штрахе бара мито односно нуди договори на потенцијален руски добротвор во замена за политички донации.

Поврзани новости