Падна владата на Холандија

by Фокус

Холандскиот премиер Марк Руте ќе поднесе оставка оти со коалициските партнери не успеа да постигне договор за мерките за ограничување на миграцијата, јави новинската агенција АНП, а пренесоа повеќе западни медиуми.

Во Владата има четири партии, а Руте е најдолгорочниот премиер на Холандија кој е на власт е од 2010 година.

Се очекува дека новите парламентарни избори ќе се одржат на есен.

Поврзани новости