Падна цената на нафтата откако Русија ги повлече војниците

by Fokus

Цените на нафтата паднаа на меѓународниот пазар под 94 долари, откако руската објава за враќање на дел од армијата во базите ги намали тензиите во односите меѓу Москва и Западот околу Украина, пренесува Хина. На овој начин, се чини дека стравувањата од санкции за руската нафта се смирени.

На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 2,87 долари во однос на претходното затворање и сега изнесува 93,61 долари. Зачера ја затвори трговијата во плус за 2,04 долари.

На американскиот пазар со барел вчера се тргувал за 3,49 долари пониско од 91,97 долари, а трговците беа загрижени поради ескалацијата на тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина.

Вашингтон и се закани на Москва со остри санкции во случај на инвазија, па трговците стравуваа дека казнените мерки би можеле да ја вклучат и руската нафта.

Вчера пазарите ги смири руската најава за повлекување на дел од војниците во базите. Не е јасно до каде се повлекува единицата и на кое растојание.

 

Поврзани новости