Падна ценaта на мазутот, за другите горива останува иста

by Fokus

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РепубликаМакедонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 % во однос на одлуката од 26.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 51,784 ден/кг.

Од 29.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,784 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 0,19 %, кај дизелот има намалување за 1,242%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,986% и кај мазутот намалување е за 2,305%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,088%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Поврзани новости