Голема промена на времето и заладување полека зафатија дел од Европа и регионот, а во наредните денови се очекува драстичен пад на температурата. Во дел од Германија веќе падна снег и ги изненади мештаните по топлите денови.
Цугшпице, највисокиот врв во Германија со 2.962 метри надморска височина, осамна покриен со снег. Од топлите летни денови, планинскиот врв за само пет дена се претвори во вистинска зимска идила.
Во последните 48 часа на Цугшпице, кој се наоѓа јужно од градот Гармиш-Партенкирхен, паднаа 13 сантиметри снег, а денеска наврнаа дополнителни 22 сантиметри. Според прогнозата утре се очекуваат уште 38, додека на 14 септември снежната покривка ќе биде подебела за 29 сантиметри.
Сите ски-лифтови и патеки во моментов се затворени.
– Па, ова брзо ескалира. Од летни горештини до зима за пет дена. Не заборавајте дека скијачката сезона започнува на 29 ноември 2024 година – напишаа на официјалната страница на Cugšpice.