Долниот дом на полскиот парламент денеска и изгласа недоверба на владата на премиерот Матеуш Моравјецки, со што се отвори патот за проевропските партии предводени од Доналд Туск да ја преземат власта, објави Ројтерс.
Со ова гласање завршува осумгодишното владеење на партијата Право и правда (ПиС), за која критичарите велат дека ја поткопа независноста на судството, ги користеше државните медиуми за своја пропаганда и придонесе за создавање предрасуди против малцинските групи, како што се мигрантите, или ЛГБТ заедницата, пренесува британската агенција.
Туск, поранешниот претседател на Европскиот совет, вети дека ќе ги „омекне“ односите меѓу Варшава и Брисел и ќе ги деблокира милијардите евра наменети за Полска, кои се во застој поради загриженоста на лидерите на ЕУ за владеењето на правото во Полска.
Од 456 пратеници кои гласаа, 266 беа против владата на Моравјецки, додека 190 пратеници ја поддржаа.
Изборите во Полска се одржаа на 15 октомври. Партијата на Моравјецки освои 194 мандати, а на Туск 157.
Сепак, Туск би можел да формира влада со коалиционите партнери.