816
Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили по неколкунеделната опсада.
– Не е се во наша моќ. За жал, денеска сме во рацете на окупаторите, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе Си-Ен-Ен.
Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариупол, кој имаше над 400.000 жители пред Русија да започне инвазија врз Украина на 24 февруари.
– Според нашите проценки, околу 160.000 луѓе денес се во опколениот град Мариупол, каде што е невозможно да се живее, бидејќи нема вода, струја, греење, нема комуникации, рече Бојченко. – И навистина е страшно, додаде тој.
Си-Ен-Ен истакнува дека не е познато дали се уште има борби во градот.