436
Паднат е лим од покрив на улица „Црвена Вода“, кој оштетил неколку возила кои биле паркирани во непосредна близина на зградата, а пристигнати се и неколку пријави за паднати дрвjа на повеќе локации во општината, соопшти градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски кој по денешното невреме излезе на терен.
-Веќе од понеделник ќе формираме посебен тим од општината кој ќе излегува на терен по временски непогоди и ќе врши увид во состојбата. Жителите на Центар сите поголеми штети од невремето можат да ги пријавуваат на бројот за итни случаи 112, од каде ќе бидат проследени до општинскиот штаб за управување со кризи, изјави градоначалникот Герасимовски.