Падна германската Влада

by Fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц, очекувано, изгуби гласање за доверба, отворајќи го патот за предвремени избори на 23 февруари. Од вкупно 717 гласови, доверба на Шолц му изразиле 207 пратеници, 394 гласале против, а 116 биле воздржани. На Шолц му беа потребни 367 гласа за доверба за да го „преживее“ гласањето.

„Дојдовме до крајот на агендата, но и до крајот на семафорската коалиција“, рече претседателот на Бундестагот, Бербел Бас, користејќи го прекарот на сега распуштената тричлена коалиција. Шолц реагираше на резултатите со насмевка, ракувајќи се со вице-канцеларот Роберт Хабек.

Сега канцеларот ќе оди во замокот Белви во Берлин за да побара од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер да го распушти парламентот и да распише општи избори.

Резултатот од гласањето беше очекуван бидејќи владата на Шолц повеќе нема мнозинство во парламентот.

Социјалдемократот Шолц поднесе барање за гласање доверба три години откако неговата трипартиска владејачка коалиција ја презеде функцијата во 2021 година.

Овој потег уследи по неколкумесечни жестоки борби за економската политика и буџетот за 2025 година, особено со помалиот коалициски партнер, про-бизнис Слободната демократска партија (ФДП).

Откако на почетокот на ноември канцеларката одлучи да го разреши тогашниот министер за финансии Кристијан Линднер од ФДП, партијата ја напушти коалицијата, оставајќи го Шолц во малцинска влада со Зелените.

Поврзани новости