Францускиот парламент му изгласа недоверба на премиерот Мишел Барние откако левичарските и десничарските партии се здружија за да ја соборат неговата малцинска влада. Ова е само вторпат од основањето на Петтата Република во 1958 година владата да падне на овој начин.
„Ми беше чест што служев како премиер, макар и само неколку месеци. Не се плашам да бидам сменет и ретко сум бил уплашен во мојата долга политичка кариера. Она што е најважно е да преземеме чекори едни кон други и да одиме над општиот интерес“, кажа Барние.
Најмалку 288 гласа беа потребни за да помине гласањето и „за“ се изјаснија 331 пратеник.
Гласањето за доверба уследи откако Барние ги употреби своите специјални овластувања за да го протурка предлог-законот за буџетот за 2025 без да гласаат пратениците за него. Тој притоа се повика на член 49.3 од францускиот устав, кој овозможува усвојување закон без гласањето на пратениците.
И покрај победата на левицата на изборите, претседателот Емануел Макрон го избра Барние за премиер во септември.