„Падна“ еден од најбараните мексикански нарко-босови

by Фокус

Мексикански нарко бос, кој се наоѓа на листата на најбарани во САД, е уапсен вчера во Мексико, соопшти Министерството за воена морнарица.

Станува збор за Рафаел Каро Кинтеро (69), кој е уапсен во северната држава Чивава, додаваат мексиканските медиуми.

Тој беше на списокот од десет бегалци барани од ФБИ за киднапирање, тортура и убиство на специјалниот агент на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) во Мексико, „Кики“ Камарена, во 1985 година, наведува ФБИ.

Мексиканецот е еден од основачите на првиот голем нарко картел во Гвадалахара во доцните 70-ти. За првпат беше уапсен во 1985 година и осуден на 40 години затвор во Мексико.

Поради формално правно прашање, тој беше ослободен во 2013 година. Но, набргу потоа мексиканското правосудство повторно побара негово апсење.

Поврзани новости