Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес разговарале и се договориле за избори на 15 јули.
„Одговорност е да направиш се, да обезбедиш институции кои нормално ќе функционираат. Ни треба активно собрание, ни треба целосно функционална политичка влада, пред се на граѓаните, а потоа и на власта и опозицијата. Само на тој начин есента ќе ја дочекаме спремни. Поголема криза од оваа не можеме да издржиме со техничка влада и без Парламент. Свесен сум дека на сите ние преку глава од политички игри. Се знае кој во минатото бил најодговорен пред народот и државата. За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како последен датум за избори. Денеска повторно разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули. Изборите ќе бидат во среда, кој ќе биде неработен ден -истакна Заев.
Тој додаде дека очекува Мицкоски јавно да излезе и да потврди дека прифаќа избори на 15 јули, а се очекува од претседателот Стево Пендаровски да прогласи уште една вонредна состојба за усогласување на датумот.