465
Цената на нафтата на светските берзи денеска забележа пад поради стравувањата на трговците дека агресивниот одговор на централните банки на инфлацијата и на зголемувањето на каматните стапки ќе ја ослабат светската економија и побарувачката на гориво.
На берзата во Лондон барел нафта за испорака во октомври се тргуваше за 101,19 долари, што е намалување за 3,9 долари во однос вчерашната цена.
Додека за нафтата што треба да биде испорачана во ноември, цената на барелот беше пониска за 3,24 отсто и изнесуваше 99,59 долари.
На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 2,89 долари односно за 94,12 долари.