Корисниците на ВацАп (WhatsApp) во многу земји пријавија проблеми со социјалната мрежа.
Најголем број поплаки се од корисниците во Европа (Шпанија, Франција, Италија, ГЕрманија, Белгија, Велика Британија) и низа држави во Јужна Америка (Мексико, Бразил, Аргентина, Перу). Во Русија најчесто се жалат граѓаните на Москва.
Околу 96 проценти од корисниците на ВацАп изјавиле дека не можат да се позврзат со серверот, додека три отсто пријавиле пад на страната.
Пад е забележан и на најголемата платформа за видеосодржини ЈуТјуб, 61 процент пријавиле неможност за гледање видеа, 34 отсто имале проблеми со вчитување на страницата, а четири проценти немале пристап.
Проблеми пријавени се и со Телеграм, при што 86 проценти пријавиле дека неможат да се поврзат со мрежата, а 13 отсто дека не можат да објават содржина.