Пад на системот за контрола на летање, на Хитроу откажани стотици летови

by Fokus

На аеродромот Хитроу беа откажани стотици летови, откако падна системот за контрола на летање. Вчера британската Администрација за контрола на воздушниот сообраќај (Национални услуги за воздушен сообраќај -НАТС) имаше голем проблем со системот за обработка на податоците за летовите, што предизвика колапс во воздушниот сообраќај.

Поради дефект во ИТ системот, контролата на летање ја загуби можноста за автоматско внесување на плановите за летање, поради што НАТС најави дека понатамошната обработка на податоците ќе се врши рачно. Со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот, НАТС го ограничи бројот на летови, што доведе до голем број одложувања и откажувања.

Откажани се повеќе од 500 летови до и од Велика Британија, објави Телеграф Бизнис. Контролата соопшти дека проблемот е саниран и дека системот повторно е функционален. Но, ефектот од ограничувањата на воздушниот простор се почувствува и во периодот по поправката на системот.

Поврзани новости