Фунтата денеска падна во однос на доларот и еврото, откако британската влада објави нови ограничувања за спречување на брзото ширење на новата варијанта на корона вирус, додека Франција, Германија и некои други земји дури и ги прекинаа транспортните врски со Велика Британија.
Фунтата падна за скоро 2,0 проценти во однос на доларот на под 1,33 долари и 1,0 процент во однос на еврото, продлабочувајќи ги загубите забележани во текот на ноќта на азиското тргување.
Италија, Холандија, Белгија, Израел и Канада исто така ги прекинаа сообраќајните врски со Велика Британија, вклучително и авиокомпаниите, откако премиерот Борис Џонсон во саботата изјави дека новата варијанта на вирусот доведе до скок на бројот на заразени.
Владата ги заостри ограничувањата во Лондон и околните области, а исто така ги отфрли плановите за ублажување на рестриктивните мерки за време на божикните празници.