Мезут Озил ќе влезе во изборна трка на претстојните парламентарни избори во Турција како кандидат на владејачката партија АКП на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави турскиот портал „Хабер7“.
Ердоган неодамна најави дека на списокот со кандидати на АКП ќе се појават „изненадувачки“ имиња, меѓу кои и еден од светот на спортот.
Озил и Ердоган долго време имаат добри односи, а турскиот претседател беше дури и кум на свадбата на фудбалерот во 2019 година
Незаборавна е и „фото“ аферата во пресрет на СП 2018 кога Озил и германскиот репрезентативец, Илкај Гундоган, се фотографираа со Ердоган и со дресовите на тогашните клубови.
По неуспехот на Светското првенство во Русија, Озил се повлече од репрезентацијата и го обвини тогашниот претседател на Германскиот фудбалски сојуз Рајнхард Гриндел за расизам.