Оздравени 423 пациенти и 130 нови случаи на корона вирус

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 88, Кавдарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово и Битола – по 3, Гостивар и Кичево – по 2, Демир Хисар –  1.

Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од: Скопје  –  246, Куманово – 65,  Струмица – 18, Штип – 11, Прилеп и Охрид – по 9, Тетово – 7, Кавадарци и Кратово –  по 6, Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по 5, Битола, Струга и Гевгелија – по 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 6 лица: 2 починати лица од Куманово (63г и 68г) и по едно починато лице од Скопје (77г), Тетово (85г), Крива Паланка (27г) и Струмица (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

 

Поврзани новости