Оздравеа 91 отсто од здравствените работници кои беа заболени од корона

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека 91 отсто од здравствените работници кои беа заболени од Ковид-19 сега се целосно оздравени.

– Им оддавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување, додава Филипче во објавата.

Во друга објава, тој посочува и дека до крајот на претстојнава недела ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција.

Поврзани новости