Овој договор за автопатите е нуден уште од 1999 година, откри Мицкоски

by fokus

Договорот за коридорите 8 и 10-д не е сега првпат понуден на Македонија, откри претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.

-Овој договор не е сега првпат понуден. Бил нуден и на претходни влади на СДСМ и ВМРО. Прв пат е понуден во 1999 година, рече Мицкоски и додаде дека никој освен Ковачевски и Груби не го прифатил поради лошите услови за државата.

Лидерот на опозицијата откри и дека многу ставки за изградбата не се пресметани во крајната цена на чинење од една милијада и триста илјади евра, со што таа цена на крајот ќе биде и до 30 отсто повисока.

-Како дошле до цената од 1,3 милијарди? Тоа е наведено како lump sum. Има 91 ставка. Сфаќате дека има работи кои недостасуваат. Тогаш доаѓате до делот 16 каде што се ставки за кои нема цена, а се дел од проектот. Стои: ќе бидат дефинирани.
Пример: релокација и заштита на постоечки објекти. На пример: бандера на МЕПСО. Најголем дел од овие објекти се дивоградби. Прво потребна е легализација, па преместувње. Тој трошок не е предвиден.
Заштита од звук, системот на управување на сообраќајот, патарините, електрификација на автопатот, студија за влијанието на животната средина, осветлување, осветлување на тунелите, вентилација на тунелите… сето ова не е дел од сумата од 1,3 милјарди евра.
Ова ќе го зголеми чинењето на проектот за најмалку 30 отсто, односно истиот ќе достигне сума од  2,3 милијарди евра, заедно со експропријацијата, рече Мицкоски.

Катерина Смилева Божиновска

 

 

Поврзани новости