Овој договор во 2017 го потпишаа Заев и Борисов, тој носи само проблеми, рече Николоски

by Fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска објасни зошто неговата партија поднесе иницијатива за референдум за поништување на Договорот за пријателство и соработка со Бугарија.

-Овој договор во 2017 го потпишаа Зоран Заев и Бојко Борисов, и тој договор е основата на сите проблеми на Македонија. Затоа што е ратификуван во парламентите на двете држави како меѓународен, а Бугарија има право да ја менува суштината на постоењето на македонскиот народ и македонската држава, односно да удри во темелот на македонската држава.

Ако Македонија не ги исполни условите за Цар Самоул, Свети Кирил и Методиј, кои се Свети Климент и Наум, кои сме и што сме ние Македонија нема да влезе во ЕУ и таков договор прифати владата на СДСМ и ДУИ, рече Николоски.

Поврзани новости