751
Македонија во изминатите два дена се соочува повторно со високи бројки на заразени пациенти на корона вирусот, а веќе се појавија првите случаи на Омикрон и Флурон.
Микробиологот Никола Пановски за „Фокус“ дава своја анализа за тоа колку овој бран ви траел, но потенцираше дека Флуронот не е опасна состојба.
„Овој бран со кој се соочуваме би траел еден месец до месец и половина. Кога зборуваме за Флуронот, тој не е нов сој, туку состојба кога истовремено тестот детектира и флу (грип) и корона вирус кај едно лице. Флуронот е интересен за медиуми, за сензација и плашење на народот. Инаку нема никакво епидемиолошко и медицинско значење. Грип и корона вирус заедно“, вели Пановски.
Јорданчо Цветаноски