ОВЕН
За вас оваа недела носи само победи. Меркур влегува во Вага во вашата зона на преговори во понеделник и ве инспирира да бидете оптимистични и да ги разгледате сите сценарија, а потоа да го изберете најдоброто. Во среда, Меркур прави опозиција со Јупитер и ви носи баланс во животот. Во петок, за време на тригонот на Венера со Сатурн ќе можете да уживате во љубовта и поддршката од своите пријатели преку нивните дела и потези.
БИК
Преземете мали чекори за да создадете навики кои ќе ве направат среќни. Во понеделник, Меркур влегува во Вага во вашиот сектор на добросостојба и ве инспирира да направите мудри потези кои ќе ви годат и да ја тргнете тврдоглавоста на страна, барем за момент. Во среда, опозицијата на Меркур и Јупитер ви помага да ставите крај на нешто што ве кочи. Во петок, со тригонот Венера-Сатурн ќе сфатите колку е важно она што го правевте цела недела за да остварите долгорочен успех.
БЛИЗНАЦИ
Споделете ги приказните кои ви лежат на срце. Во понеделник, Меркур влегува во Вага во вашата зона на храброст и ви помага да ги изразите своите стравови, желби и соништа. Во среда, Меркур прави опозиција со Јупитер и ве повикува да бидете храбри во вашите пријателства, што и да значи тоа за вас. За време на тригонот на Венера и Сатурн во петок, ќе успеете да дојдете до нова перспектива откако ќе ја споделите својата лична вистина.
РАК
Што значи домот за вас, драги Ракови? Во понеделник, вашата планета Меркур влегува во хармоничната Вага во вашата зона на домот и семејството и ве инспирира што сето тоа значи за вас и какво чувство имате во својот дом. Во среда, Меркур е во опозиција со Јупитер и ве инспирира да ги искористите емоциите за да постигнете професионален успех. Во петок, тригонот Венера-Сатурн ви помага да разберете како се чувствувате за да можете да изградите интимен однос базиран на доверба.
ЛАВ
Подобрете го начинот на комуникација со другите. Во понеделник, со влегувањето на комуникативниот Меркур во Вага ќе можете да зборувате, но и да ги слушнете другите. Во среда, опозицијата на Меркур со Јупитер ќе ве поттикне да ја преиспитате својата моќ и тонот кој го користите во различни ситуации. Истото ќе биде ваш фокус и за време на тригонот на Венера и Сатурн во петок, кога од вас се очекува да зборувате за посветеност и доверба со вашите романтични партнери.
ДЕВИЦА
Луѓето се вашата најголема поддршка! Во понеделник, вашиот владетел Меркур влегува во Вага во вашата зона на сигурност и ве поврзува со луѓе кои ви носат добро чувство. Во среда, со опозицијата на Меркур и Јупитер ќе бидете инспирирани да се поврзете интимно и сексуално со луѓе на кои им верувате. Тригонот Венера-Сатурн во петок ви помага да најдете задоволство во мали нешта, мали гестови и моменти.
ВАГА
Среќен роденден, драги Ваги! Во понеделник, Меркур влегува во вашиот знак и ви носи одлични идеи, јасни зборови и можност за критичко размислување. Во среда, опозицијата на Меркур и Јупитер ќе ви помогне да најдете баланс меѓу вашите желби и желбите на другите околу вас. Венера формира тригон со Сатурн во петок и ве охрабрува да изградите дисциплина за да можете да бидете посигурни и самоуверени.
ШКОРПИЈА
Тоа беше некогаш, а ова е сега, драги Шкорпии. Во понеделник, Меркур влегува во Вага во вашата зона во која успевате да ставите крај на навики, начини на однесување и односи кои ве држеле заковани во минатото. Истото се однесува и на транзитот во среда, кога Меркур е во опозиција со Јупитер и ви носи можност да го остварите сето тоа, за да симнете голем товар од себе. Тригонот на Венера и Сатурн ве мотивира да поставите граници кога станува збор за љубовта.
СТРЕЛЕЦ
Љубовник, пријател или пак и двете? Во понеделник, Меркур влегува во Вага во вашата зона на пријателства и претвора едно интересно пријателство во нешто повеќе. Во среда, Меркур е во опозиција со Јупитер а тоа ви носи можност да се поврзете со пријателите и да се чувствувате подобро и порелаксирано. За време на викендот, тригонот Венера-Сатурн ве поттикнуваат да ги претворите своите дела во зборови за да им помогнете на другите.
ЈАРЕЦ
Која е улогата на пријателите во вашиот живот? Во понеделник, Меркур влегува во Вага во вашата зона на кариера и ве потсетува дека некогаш ви е потребна поддршка на патот до успехот, а тоа може да ви донесе значајно пријателство или пак поддршка на работа. Ова е дополнително интензивирано со опозицијата на Меркур и Јупитер во среда, каде ќе биде потребно да покажете разбирање и емпатија кон другите. За време на викендот, тригонот на Венера и Сатурн бара од вас да ги пренесете своите вредности во пракса.
ВОДОЛИЈА
Време е за нови хоризонти, драги Водолии. Во понеделник, Меркур влегува во Вага во вашата зона на образование и патувања и ви носи нови видици и можност да ги проширите своите хоризонти, преку патувања, знаења и љубопитност. Опозицијата на Меркур и Јупитер во среда ве инспирира да читате повеќе. Во петок, тригонот на Венера со Сатурн ви носи можност да утврдите што е лична слобода и што таа ви значи вам.
РИБИ
Која е вашата вистина? Во понеделник, Меркур влегува во Вага во вашата зона на интимност што ќе ве поттикне да откриете повеќе за себеси пред другите. Истото се однесува и на опозицијата на Меркур и Јупитер, кога ќе успеете да ја разберете својата ранливост малку подобро. Тригонот на Венера и Сатурн во петок ве мотивира да се ослободите од стравовите и начините на однесување кои ве спречуваат да живеете во сегашниот момент.