Оваа влада по принципот на талибанците има намера да ја тушира историјата, тврди Мицкоски

by Fokus

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски денеска при посета на спортскиот комплекс во Бутел на новинарско прашање дали за опозицијата е прифатливо евентуалниот договор со Бугарија да влезе во преговарачката рамка, одговори дека владата наскоро ќе се смени и се што ќе потпишат доколку го негира постоењето на македонската историја нема да се почитува.

-Опозицијата не знае каков договор преговара оваа влада, инаку од тоа што го слушнавме и порано од Брисел е дека билатералните преговори не можат да бидат дел од преговарачка рамка, рече тој.

Според Мицкоски  секоја авантура на оваа влада и она кое што планира да го потпише, треба да е свесна дека набргу ќе има промена во владата.

-Тоа што таа ќе го стави хартија, доколку предизвика да бидат повредени чувствата на мнозинската заедница во Македонија, на македонскиот народ, на македонските граѓани, доколку го негира постоењето на посебната македонска историја, традиција, обичаи споредено со традицијата и обичаите кај нашиот источен сосед, доколку не ја одразува различноста на македонскиот народ од бугарскиот народ, автентичната борба на македонскиот народ за своја сопствена држава, идната влада нити има намера да го почитува, нити има намера да биде дел од учебниците со кои што децата ќе учат искривена историја, историја со која што оваа влада, по принципот на талибанците, има намера да ја тушира, рече Мицкоски.

Поврзани новости