Оваа седмица интерпелацијата на Џафери пред пратениците

by Fokus

Во четврток на 30 јуни во Собранието на Република Северна Македонија се очекува да се одржи пленарната седница за интерпелацијата на претседателот на Парламентот, Талат Џафери поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Џафери на денешното пленарно заседание потврди дека оваа пленарна седница ќе се одржи во четврток. Парламентот неделава има интензивна агенда во рамки на која ќе се одржат неколку седници почнувајќи од денеска.

Утре се одржува средба на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – ЕУ, во среда поставување пратенички прашања, а во петок се очекува да продолжи и седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која на дневен ред е ребалансот на Буџетот.

Поврзани новости