Министерството за образование и наука информира дека оваа и следната седмица ќе бидат испечатени и испорачани најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение.
Станува збор за над 20 учебници за кои немало жалбени постапки, по наставните предмети во прво, второ, четврто и петто одделение, на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата – македонски, албански, турски, српски и босански јазик.
– Потсетуваме дека нивната изработка следуваше по креирањето нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование. Во меѓувреме, за учениците беа набавени квалитетни наставни материјали кои ја обработуваат материјата за првото тримесечје, за да можат да работат за време на часовите и да го повторуваат совладаното по завршување на часовите, соопшти МОН.