Британската полиција се уште го утврдува мотивот за нападот во кој маж вчера со камион прегази неколку лица во англискиот град Нотингем, при што уби тројца, а рани уште тројца.
Универзитетот во Нотингем соопшти дека е „шокиран и тажен“ кога откри дека двајца негови студенти се меѓу загинатите.
Талентираната хокеарка Грејс Кумар (19) е наведена како една од жртвите, заедно со колегата Барнаби Вебер, исто така 19, пренесува Sky news.
Двајца студенти биле пронајдени мртви на улица нешто по 4 часот наутро. Сведокот рече дека ги видел младиот човек и девојката избодени со нож.
Полицијата соопшти дека осомничениот потоа убил трета жртва, го украл нејзиното комбе и се обидел да прегази луѓе на улицата Милтон, во центарот на градот. Едно лице е во критична состојба, а две се полесно повредени.
Детективите рекоа дека се обидуваат да откријат што го мотивирало вооружениот напаѓач на смртоносната треска што започнала нешто пред 4 часот наутро.
Оттаму додаваат дека на случајот работи и антитерористичката служба и појаснија дека тоа е нормална процедура.
31-годишен маж е уапсен под сомнение за убиство, а детективите изјавиле дека повеќе не бараат никого.
„Ова е страшен и трагичен инцидент кој ги однесе животите на три лица“, изјави претходно началникот на полицијата Кејт Мејнел.